Активности


Петок, 16 ноември 2012 година

Надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 17. седница, на 15 ноември 2012 година, одржа второ продолжение на надзорната расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“.

На расправата присуствуваа пратеници од Собранието на Република Македонија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Љупчо Димовски, претставници од Канцелариите на НДИ од Скопје, Вашингтон, Косово и Албанија, како и претставници од Канцеларијата на Аг- Биз УСАИД од Скопје.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, која даде кратко потсетување за целта на надзорната расправа согласно законските прописи во Република Македонија.

На надзорната расправа во улога на сведоци, усни искази дадоа следниве учесници: г. Благојa Дунимаглоски, инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство од Прилеп; г. Меџит Амити, претседател на Регионално здружение за одгледување на овци; г. Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци на Република Македонија; г. Ристо Велков, претседател на Сојуз синдикат на земјоделски производители; г-ѓа Моника Велеска, претседател на Независен синдикат на земјоделци на Македонија; г. Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци; г. Томислав Трајковски, Факултетско земјоделско стопанство Трубарево; г. Данчо Милевски, претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители од Прилеп; г. Никола Стаменов, претседател на Здружението на тутунопроизводители „Жолто злато“, Струмица; г-ѓа Вита Хузијан, управител на ТПТУ Визба-Валандово; г. Јован Дабевски, управител на Млекара Здравје Радово и г. Огнен Оровчанец, управител Агроунија од Скопје.

Од причини што беше исцрпена листата на повикани учесници (сведоци), претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ја прекина седницата. Таа информираше дека датумот за одржување на продолжението на надзорната расправа и распоредот на искази - агенда на претставниците (сведоците) од надзорната расправа, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја утврдува дополнително на координација.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.