Активности



Четврток, 9 февруари 2012 година

Обраќање на високиот комесар Кнут Волебек пред Комитетот за односи меѓу заедниците

На денешната, Четврта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците, свое обраќање имаше високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ, г. Кнут Волебек.

Покрај претседателот и членовите на Комитетот, на седницата присуствуваа: шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет; г-ѓа  Стефани Марсал, висок советник; г. Арно ван дер Пас, програмски координатор за мултиетнички односи и г. Џејмс де Вит, политички советник.

По исцрпување на пријавените за дискусија, во која учествуваа претседателот и членовите на Комитетот: г-ѓа Ермира Мехмети, г. Зиадин Села, г-ѓа Силвана Бонева, г. Оливер Спасовски, г. Талат Џафери, г. Иван Стоилковиќ и г. Кенан Хасипи, Комитетот интерактивно продолжи со работа во присуство на високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ, г. Кнут Волебек, кој даде коментар на дел од дискусиите на пратениците.
   

 

Click