Активности



Среда, 12 декември  2012 година

Она што го дарува Киро Урдин е мултимедијален проект со силна порака да се чува мајката природа

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, г-ѓа Силвана Бонева и членовите, присуствуваа на церемонијата која Кинеската амбасада во Република Македонија ја организираше по повод врачувањето на престижната награда на сценаристот и режисер Киро Урдин, доделена на Меѓународниот филмски фестивал за животински свет и природа, одржан во август 2012 година во Јаан, Народна Република Кина.

Госпоѓа Бонева, во името на Пратеничката група за соработка, имаше свое обраќање пред присутните. Таа истакна дека настанот е многу важен бидејќи спојува две земји, една мала Македонија и една многу голема Кина, две земји кои се толку далечни, а сепак толку блиски. Таа потсети на зборовите на г. Урдин, кој вели дека е точка која се движи насекаде и го спојува светот.

Овде, во една точка, рече Бонева, денес е споен светот, а таа е производ на талкањата на авторот низ Африка, на неговите претходни искуства, на Планетариумот кој е создаден после две години патувања низ светот.

Она што ни го дарува Киро Урдин, според Бонева, е мултимедијален проект кој праќа силна порака во целиот свет дека треба да ја чуваме мајката природа. Она што се забележува дека доминира во творештвото и филозофијата на Киро Урдин е љубовта кон мајката природа и печатот што го остава за генерациите што доаѓаат.

Пораките кои извираат од неговите дела се да ја чуваме чистотата на планетата Земја, бидејќи така ќе се чуваме самите себе, ќе го чуваме растителниот и животинскиот свет околу нас и ќе имаме што да им оставиме на генерациите што доаѓаат после нас, заклучи Бонева. 


 

Click