Активности



Понеделник, 12 ноември 2012 година, Прага
 
Пратениците Трајанов и Сугарески на Есенска сесија на ПС на НАТО

Пратениците Павле Трајанов и Горан Сугарески, членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на НАТО, од 9 до 12 ноември 2012 година, учествуваат во работата на Есенската сесија на ПС на НАТО, што се одржува во Прага, Чешката Република.

Пратениците учествуваа во седниците на комитетите на ПС на НАТО кои се одржаа на 10 и 11 ноември, а ќе учествуваат и на пленарната седница што ќе се одржи денеска.

Во текот на работата на Политичкиот комитет, при разгледување на Предлог-резолуцијата за НАТО после Чикаго, пратеникот Павле Трајанов се заложи ПС на НАТО да препорача Советот на НАТО да упати покана за прием на Република Македонија во НАТО.

Образложувајќи го предлогот, пратеникот Павле Трајанов нагласи дека треба да направиме сè што е во наша надлежност, овој виртуелен и пред сè емоционален проблем, но кој има реални последици врз развојот на Македонија и пошироката стабилност во регионот, да го разрешиме.

 

Click