Активности

Вторник, 11 декември 2012 година

Празнично издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Во очи на третиот јубилеј, излезе празничното издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија. По тој повод, ко-претседавачот Кенан Хасипи упати честитка до своите колеги европарламентарци со искрени желби за среќни празници, добро здравје и успех на личен и професионален план. Во честитката, ко-претседавачот Хасипи нагласува и покрај сите предизвици и премрежја, Собранието на Република Македонија останува цврсто определено да работи за иднината на државата и на тој пат, побара искрена поддршка од колегите европратеници, но и од сите колеги од европските парламенти. На крајот г. Хасипи заклучи дека Република Македонија макотрпно и стрпливо ги остваруваше зададените задачи, обврски и критериуми и дека е време е Европската унија да оди чекор напред и да го евалуира огромниот труд што Република Македонија го вложила изминативе години и конечно да ја отвори вистинската европска иднина за граѓаните.

Во Билтенот се пренесени најзначајните акценти од говорот на претседателот Вељаноски, по повод меѓународниот ден на толеранцијата, во кој се истакнува дека меѓународните стандарди и препораки бараат властите и јавните институции систематски да се борат против говорот на омраза и да промовираат почитување на толеранцијата, модел на здружено живеење на различни заедници со различни именители од аспект на културата и религијата, а клучот и предизвикот на толеранцијата е изградба на квалитетно општество кое овозможува учество во дебати со информации, слушање на другите и интегрирање на различните ставови.

Меѓу останатите активности во Билтенот, е учеството на македонска собраниска делегација во Европскиот парламент во Брисел на парламентарниот семинар на тема: „Заштитата на човековите права и состојбата на жените и децата",  јавната расправа на Националниот совет за евроинтеграции по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита и Конференцијата во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија во соработка со Комисијата за родова еднаквост на Парламентот на Република Хрватска и GTF - Регионален центар за еднаквост на половите, за проектот „Жените во руралниот развој, SEE WoRD".

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=CE34543E8A02C145AEDBFA3FCA5837CE

a за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click