Активности

Понеделник, 20 февруари 2012 година

Состанок на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, на 17 февруари 2012 година, одржа работен состанок. 

На состанокот, со кој претседаваше координаторката на клубот, г-ѓа Соња Мираковска, присуствуваа пратеничките г-ѓа Мерал Узеири Ферати, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Дашира Имери, г-ѓа Лилјана Кузмановска, г-ца Маринела Тушева, г-ѓа Лилјана Поповска и г-ѓа Фламуре Демире Креци.

Исто така, на состанокот присуствуваше г-ѓа Слаѓана Марјановиќ-Пановска,  претставник на Националниот демократски институт (НДИ).

На состанокот беа разгледани предлози за работата на Клубот на пратенички во претстојниот мандатен период, потоа се отворија прашања за Правилникот за работа на Клубот, а стана збор и за предлогот за изготвување на Стратегија за работа на Клубот.

 



Click