Активности



Петок, 27 јануари 2012 година

Средба на г-ѓа Ермира Мехмети со Н.Е. Ралф Брет

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, на 26 јануари 2012 година, на барање на Н.Е. Ралф Брет, амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, одржа средба на тема активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2012 година и притоа ги поздрави и запозна гостите со темите и целите кои ќе бидат разгледувани на идните седници на Комитетот.
        
На средбата, на која присуствуваше и А.Ј. Арно ван дер Пас, програмски кординатор-меѓуетнички односи, беше разговарано за надлежностите на Комитетот и неговата улога во остварување на правата на заедниците во Република Македонија.
        
Н.Е. Ралф Брет изрази желба и подготвеност да соработува и да ја поддржува работата на Комитетот, со цел да го зајакне својот капацитет.

Госпоѓа Ермира Мехмети објасни дека Комитетот како уставна категорија, не е орган за одлучување само во врска со двојното гласање на законите, туку во него треба да се одвиваат и дебати во врска со односите меѓу заедниците.                                             
         
Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците ја поздрави поддршката на амбасадорот, истакнувајќи дека ваквите средби придонесуват Комитетот да го зајакне својот капацитет за работа и својот авторитетот како орган кој е директен продукт на Рамковниот договор.

 

Click