Активности



Вторник, 31 јануари 2012 година                     

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со г. Норберт Руетсце и г. Грегори Атила Конор

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, заменик-претседателот, г-ѓа Маринела Тушева и членовите: г-ѓа Силвана Бонева и г. Ѓорѓи Коџабашиев, вчера остварија средба со г. Норберт Руетсце, секретар на Швајцарската амбасада во Приштина , Република Косово и претставникот на УНДП, г. Грегори Атила Конор.

Средбата се одржа на барање на г. Норберт Руетсце, во зградата на Собранието на Република Македонија, а во врска со реализацијата на Проектот за зацврстување на политичкиот дијалог.
         
На почетокот од средбата, г. Руетсце се претстави пред членовите на Комитетот и објасни дека неговата улога е советодавна за неговата Влада, а врз основа на неговите предлози се донесуваат решенија за тоа кои проекти ќе ги финансира Швајцарската влада.
         
Тој објасни дека во Проектот за зацврстување на политичкиот дијалог, очекува учеството на членовите на Комитетот да е гаранција за негова имплементација.

Притоа, г. Конор предложи проектот, да биде спроведен во неколку фази и ќе има за цел подиректна комуникација  меѓу УНДП и Комитетот. Воедно, на овој начин се очекува да се зацврсти улогата на Комитетот за односи меѓу заедниците.
         
Сите присутни членови на Комитетот ја поздравија оваа иницијатива и истакнаа дека со овој Проект ќе се зајакне позицијата на Комитетот кога се во прашање односите меѓу заедниците.

Претседателот на Комитетот, г-ѓа Ермира Мехмети, се заблагодари и ја поздрави поддршката на Швајцарската влада и УНДП за предложениот проект, изрази надеж  дека истиот ќе биде имплементиран во работата на Комитетот за односи меѓу заедниците и истакна дека во иднина очекува да се интензивираат и други заеднички проекти.

 

 

Click