Активности

Петок, 17 февруари 2012 година

Средба на пратеникот Хајрула Мисини со унгарскиот амбасадор, г. Јоже Бенце

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, вчера имаше средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, г. Јоже Бенце, на негово барање.

Честитајќи му ја новата функција на амбасадорот Бенце, претседателот на Комисијата, г. Мисини, го истакна пријателството и соработката меѓу двете земји во континуитет и тоа на економско, политичко и економско поле.

Притоа, тој изрази благодарност за поддршката на Унгарија за време на  минатогодишното шестмесечно претседавање со ЕУ, кога Унгарија високо во приоритетите го стави понатамошното проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан. 

Во тој контект, г. Мисини се заблагодари и на писмото на унгарскиот претседател, г. Виктор Орбан, на крајот на претседателството, до ЕУ и високиот претставник на ЗНБП, г-ѓа Кетрин Ештон, во кое побара почеток на преговори за ЕУ членство на Република Македонија и паралелно решавање на спорот со името.

На крајот, амбасадорот Пинцел изрази подготвеност да ги сподели со Македонија евроинтегративните искуства на Унгарија, која веќе осум години е земја-членка на ЕУ.

 

 

 
Click