Соопштенија



Среда, 6 јуни 2012 година
 
Учество на десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија во Брисел

Согласно Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Република Македонија и Европската унија и според Деловникот на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, 10. состанок на Комитетот ќе се одржи на 7 јуни 2012 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија.

На овој состанок, од Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија ќе учествуваат: г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (ко-претседавач на овој Комитет), г. Андреј Петров, потпретседател на делегацијата (заменик ко-претседавач на Комитетот), г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, г. Арбен Љабеништа, членови на делегацијата и г. Беким Фазлиу, заменик-член.

На Десеттиот состанок се очекува да бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европска унија, актуелната политичка ситуација во државата во контекст на отпочнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво, за економската ситуација во земјата, како и за регионалното управување со отпад и алтернативни извори на енергија со осврт на можностите за поголемо искористување на претпристапните фондови на Европската унија.

 

Click