Соопштенија



Понеделник, 23 јануари 2012 година

Учество на Јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од денеска до 27 јануари 2012 година во Стразбург, Франција, се одржува редовна јануарска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во работата на ПС на СЕ и неговите тела, ќе учествуваат шефот на Делегацијата, г. Александар Николоски, како и замениците на членовите: г-ѓа Соња Мираковска и г. Имер Алиу.

Според дневниот ред, теми на дикусија на Парламентарното собрание ќе бидат: ефективноста на Европската конвенција за човекови права, унапредувањето на правата на жените, функционирањето на демократските институции во Босна и Херцеговина, почитувањето на обврските и заложбите од страна на Србија преземени при приемот во Советот на Европа, а како итна точка на дневниот ред се предлага дискусија за Руската Федерација меѓу два циклуси на избори.

Обраќање на пролетната сесија ќе имаат: претседателот на Финска, г-ѓа Тарја Халонен; премиерот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, г. Дејвид Камерон; министерот за надворешни работи на Грузија, г. Григол Вашадзе; министерот за Европа, надворешни работи и Комонвелтот на Обединетото Кралство, г. Дејвид Лидингтон, во функција на претседавач со Комитетот на министри и други.

На оваа сесија ќе се избира и нов комесар за човекови права, меѓу кандидатите од Белгија, Холандија и Латвија.

Click