Соопштенија

Понеделник, 23 април 2012 година
 
Учество на пратеникот ХАЈРУЛА МИСИНИ на Kонференција во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, од 22 до 24 април 2012 година, ќе учествува на Конференција на претседатели на комисиите за европски прашања на државите-членки на Европската унија - КОСАК, што ќе се одржи во Копенхаген, Данска.

На Конференцијата, на која ќе стане збор за актуелните прашања со кои се соочува Европската унија, свое обраќање ќе имаат претседателот на Европската комисија, г. Хозе Мануел Баросо, премиерот на Данска, г-ѓа Хеле Торинг-Шмит, комесарот за внатрешен пазар и услуги, г. Мајкл Барниер, комесарот за животна средина, г. Јанез Поточник како и претседателот на Данскиот парламент, г. Могенс Ликетоф.
Click