Соопштенија

Вторник, 4 септември 2012 година
 
Надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“
 
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостапанство на Собранието на Република Македонија ќе одржи надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“. Расправата ќе се одржи на 4 септември 2012 година во 11,00 часот во салата „Борис Трајковски" во Собранието на Република Македонија.

Целта на надзорната расправа е надзор на распределбата на земјоделските субвенции, согласно законските прописи во Република Македонија. 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство цени дека овој настан е од особено значење за граѓаните на Република Македонија од аспект на резултатите од имплементацијата на законите од оваа област и практичната примена на одредбите на Законот за Собранието на Република Македонија, во делот на парламентарниот надзор на законодавната власт во Република Македонија.

На надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија и други учесници и гости. 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, покани (80) сведоци кои претставуваат различни организации и институции, да учествуваат на расправата и да дадат писмени и усни искази и одговори на членовите на комисијата.

Со цел да го регистрирате Вашето присуство на расправата, Ве молиме контактирајте го лицето Данчо Јаневски - раководител на одделение и советник на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: +389 2 3182-409; е-пошта: d.janevski@sobranie.mk и kzemjod@sobranie.mk
Click