Соопштенија



Вторник, 11 септември 2012 година

Надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на првото продолжение на 17. седница, ќе продолжи со надзорната расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“. Првото продолжение на надзорната расправа ќе се одржи на 20 септември (четврток) 2012 година, со почеток од 11,00 часот, во Салата „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ бб Скопје.

На првото продолжение на надзорната расправа, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи со ислушување на исказите на останатите учесници (сведоци) повикани од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вашиот медиум е поканет да присуствува на расправата и да го покрие настанот.

Со цел да го регистрирате Вашето присуство на расправата, Ве молам контактирајте го лицето Данчо Јаневски - раководител на Одделение и советник на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и тоа на фиксен телефон: +389 2 3182-409; е-пошта: d.janevski@sobranie.mk и kzemjod@sobranie.mk

Click