Соопштенија

Четврток, 31 мај 2010 година

Состанок на Комисијата за обврски и заложби на земјите-членки на Советот на Европа

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, пратеникот Александар Николоски и членот на Делегацијата, пратеникот Игор Ивановски на 31 мај 2012 година во Париз, Франција ќе учествуваат на состанокот на Комисијата за обврски и заложби на земјите- членки на Советот на Европа (Мониторинг комисијата) на која ќе биде разгледувано и прашањето на постмониторинг дијалогот со Република Македонија.

  Во Парламентарното собрание на Советот на Европа се води постмониторинг дијалог и со Бугарија, Монако и Турција, а Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Ерменија, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија и Украина сe уште се наоѓаат во фаза на целосна мониторинг процедура.

Седниците на Мониторинг комисијата се од затворен карактер.
Click