Соопштенија

Петок, 3 февруари 2012 година
 
Положување венци свежо цвеќе 
 
По повод 140 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија ќе положи венец свежо цвеќе на неговиот гроб, во црквата „Свети Спас“, на 4 февруари 2012 година во 11,00 часот.

Во 12,00 часот делегацијата ќе положи венец свежо цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштад „Македонија“.

Во состав на делегацијата ќе бидат пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г. Гордан Георгиев и г. Горан Мисовски.
Click