Соопштенија

Среда, 5 септември 2012 година
 
Прв ден од надзорната расправа на тема: „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“
 
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на 4 септември 2012 година (вчера), во рамките на Седумнаесеттата седница, со почеток од 11,00 часот, во Салата „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ бб. Скопје, одржа надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, присуствуваа членовите на Комисијата: г. Ромео Тренов, г. Ванчо Апостолов, г. Малиша Станковиќ, г. Васко Пашовски, г. Драган Цуклев, г. Борче Ставров, г. Саве Марачков, г. Горан Сугарески, г. Реџаиљ Исмаили и г. Орхан Ибраими; заменик на претседателот на Комисијата, г. Панче Орцев; замениците на членовите на Комисијата: г. Славе Гошев, г. Драган Настески, г-ѓа Бети Кузмановска, г. Трајчо Димков, г. Стефче Трпковски, г. Миле Андонов, г. Николче Ацевски, г. Драгиша Милетиќ и г.Беким Фазлиу.

На седницата присуствуваа: потпретседателот на Собранието на Република Македонија г. Јани Макрадули; г-ѓа Силвана Бонева, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ; г. Игор Ивановски, координатор на Пратеничката група на СДСМ; г. Имер Алиу, координатор на Пратеничката група на ДПА; г. Горан Мисовски, координатор на Пратеничката група на НСДП и ЛП; г. Рејхан Дурмиши, координатор на Пратеничката група на ПЕИ и пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Нада Ципушева, г. Миле Пачемски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г-ѓа Хајрије Мисими, г. Дарко Димитриески, г-ѓа Ане Лашкоска, г. Менде Диневски, г. Оливер Спасовски, г-ѓа Светлана Мазгалоска-Вучетиќ, г. Марјанчо Николов, г-ѓа Станка Анастасова, г. Митре Велјаноски, г. Васил Ципушев, г. Димитар Стевананџија, г. Веле Ѓорѓиевски, г. Славе Гошев, г-ѓа Светлана Карапетрова, г-ѓа Билјана Казанџиска, г. Благоја Стојановски, г. Голупчо Ангелов, г-ѓа Дивна Јовковска-Ефтимоска, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Соња Мираковска, г-ѓа Радмила Шекеринска, г-ѓа Маринела Тушева, г. Сафет Бишевац, г-ѓа Ана Павловска-Данева, г-ѓа Весна Пемова, г-ѓа Елена Павлова, г. Стојко Пауновски, г. Зијадин Села, г-ѓа Весна Бендевска, г-ѓа Мерал Узеири-Ферати, г. Илија Китаноски, г. Емилијан Станковиќ, г. Ѓорѓи Коџобашиев, г. Неџати Јакупи, г. Илија Димовски и г. Михаило Џолонга.

На седницата присуствуваа поканети претставници на граѓански здруженија, групации, сојузи и земјоделци и претставници од Канцеларијата на НДИ во Скопје, претставници од Канцеларијата на Аг-Биз проектот на УСАИД во Скопје.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство,  г-ѓа Ленче Николовска, која накратко даде свое образложение за целта на надзорната расправа согласно со законските прописи во Република Македонија.

На надзорната расправа, во улога на сведоци, усни искази дадоа следниве учесници: г. Зоран Ставрески, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии; г. Владимир Пешевски, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања; г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство; г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство; г. Бесир Јашари, државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; г. Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој; г. Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство; г. Јордан Кузмановски, директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството; г-ѓа Маргарита Делева, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; г. Ѓорѓе Дишленковиќ, овластен раководител на Секторот за регистрирање и управување на земјоделско земјиште, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; г. Зоран Шалев, раководител на подрачна единица Кавадарци, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од причини што беше исцрпена листата на повикани учесници (сведоци) за ден 4 септември 2012 година, (првиот ден од надзорната расправа), претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, ја прекина седницата. Таа информираше дека датумот за одржување на продолжение на надзорната расправа и распоредот на искази - Агенда на претставниците (сведоците) од надзорната расправа, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја утврдува дополнително на координација.

За подетални информации околу надзорната расправа, Ве молиме контактирајте го лицето Данчо Јаневски - раководител на одделение и советник на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и тоа на фиксен телефон: +389 2 3182-409; е-пошта: d.janevski@sobranie.mk и kzemjod@sobranie.mk.
Click