Соопштенија

Четврток, 28 јуни 2012 година

Учество на собраниска делегација на парламентарен семинар во Брисел
 
Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Панче Орцев, Малиша Станковиќ, Реџаиљ Исмаили и Борче Ставров, членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе учествува на парламентарен семинар кој ќе се одржи на 28 и 29 јуни 2012 година во Европскиот парламент, во Брисел.

Тема на семинарот ќе биде „Модернизација на земјоделието и имплементација на заедничката земјоделска политика“.

На семинарот ќе учествуваат претставници на националните парламенти од земјите од Западен Балкан и претставници на Европскиот парламент.

 
Click