Соопштенија

Понеделник, 26 март 2012 година

Собраниска делегација во посета на Вашингтон
 
Делегација на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, составена од претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски и членовите Игор Ивановски и Дешира Имери, од 26 до 30 март ќе бидат во посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

Целта на оваа посета, која се реализира пред одржувањето на  Самитот на НАТО во Чикаго, е остварување на средби со повеќе сенатори и конгресмени, кои ќе бидат во функција на зголемување на поддршката на Република Македонија за членство во НАТО, како и унапредување и продлабочување на македонско-американските односи.
Click