Соопштенија

Понеделник, 23 април 2012 година
 
Собраниска Делегација на Пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
 
Од 23 до 27 април 2012 година во Стразбур, Франција, се одржува редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.

Теми за кои ќе се расправа на оваа сесија ќе бидат ефектите на арапската пролет, состојбата во Сирија, одговорноста за изгубените животи во Медитеранот, добро управување и етика во спортот и потребата за спречување на местењето на натпревари, состојбата со внатрешно раселените лица и повратниците во Северно -кавкаскиот регион, како и заштитата на слободата на изразување и информациите на Интернет и електронските медиуми

Свое обраќање ќе имаат министерот за надворешни работи на Мароко, г. Саад дине Ел Отмани, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, г. Златко Лагумџија, британскиот министер за Европа, г. Дејвид Лидингтон во функција на претседавач со Комитетот на министрите на Советот на Европа, генералниот секретар на Лигата на арапски држави, г. Набил Ал Араби и други.   
Click