Соопштенија

Понеделник, 25 јуни 2012 година
 
Собраниска делегација на летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Во Стразбур, Франција од 25 до 29 јуни се одржува редовната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.

На сесијата обраќање ќе имаат премиерот на Република Албанија, г. Сали Бериша и премиерот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ, потоа министерот за надворешни работи на Италија, г. Џулио Терзи ди Сант'Агата, претседателот на Собранието  на Тунис, г. Мустафа Бен Јафар, министерот за економија на Исланд, г. Стингримур Сигфусон и други.

Главни теми на дискусија според дневиот ред, ќе бидат демократијата во опасност: улогата на граѓаните и на државата денес, влијанието на финансиската и економската криза и опасноста на мерките за штедење врз демократијата и човековите права, повеќекратната дискриминација врз жените Муслиманки во Европа, мигрантите Роми и др.

На оваа сесија, пратниците ќе избираат и заменик на генерален секретарна Советот на Европа.

 
Click