Соопштенија

Понеделник, 23 април 2012 година
 
Учество на пратеникот Талат Џафери на Конференција во Тирана

Пратеникот Талат Џафери, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 22 до 24 април 2012 година, учествува на Конференција организирана од парламентот на Република Албанија, што се одржува во Тирана.

Темата на конференцијата е „Паметна одбрана во Југоисточна Европа", а на неа се поканети да учествуваат земјите од југоисточна Европа. Целта на конференцијата е учесниците да ги разгледаат можностите за имплементација на Паметната одбрана, новиот концепт на НАТО, на национално, мултилатерално и регионално ниво, во рамките на Југоисточна Европа.

На конференцијата свои обраќања ќе имаат претседателот на Парламентот на Република Албанија, Јозефина Топали, претседателот на Владата на Република Албанија, Сали Бериша, Александар Вершбов, заменик-генерален секретар на НАТО и Карл Ламерс, претседател на Парламентарното собрание на НАТО.
Click