Соопштенија

Среда, 12 септември 2012 година

Учество на потпретседателот Јани Макрадули на Светската конференција за е-парламент

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и член на Делегацијата во Интерпарламентарната унија (ИПУ), г Јани Макрадули, ќе учествува на Светската конференција за е-парламент, што ќе се одржи од 13 до 15 септември 2012 година во Рим, Италија.

На конференција, која е во организација на Интерпарламентарната унија и Обединетите нации, се очекува учество на високи претставници од парламентите, меѓународните организации и експерти од областа на информатичките и комуникациските технологии во парламентите.

Учесниците на Конференцијата ќе дискутираат за статусот на ИКТ во парламентите, слободата на пристап до информации, влијанието на технологијата врз отвореноста и отчетноста на парламентите, иновациите во парламентарната комуникација, предизвиците од новите медиуми за парламентите и пратениците и сл.

Потпретседателот г. Јани Макрадули ќе претседава со работната сесија на тема: „Предностите и вредностите од достапните информации за поттикнување на поголема транспарентност на парламентите“.

Во рамките на Конференцијата ќе се одржи и одбележување на 15 Септември - Меѓународниот ден на демократијата.

Click