Соопштенија



Петок, 27 јануари 2012 година

Учество на Конференција на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК 

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, ќе учествува на  Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК  на 29-30 јануари 2012 г. во Копенхаген, која е во организација на Данското ЕУ претседателство.

На Конференцијата ќе се расправа за парламентарната димензија на европската економска криза, за што свое обраќање ќе има и еврокомесарот за внатрешни институционалните односи и администрација, г. Марош Шефович.

На Конференцијата свое обраќање ќе има и претседателот на Данскиот парламент, г. Могенс Лукетоф, како и комесарот за климатски промени, г-ѓа Кони Хедергард, која ќе говори за Климатските и Енергетските политики 2020.

Click