Соопштенија



Четврток, 1 март 2012 година

Учество на конференција во Белград

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Љубисав Иванов-Ѕинго и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г. Марјанчо Николов, на 3 март 2012 година, во Белград, Република Србија, ќе учествуваат на Конференција на тема „Улогата на парламентите во процесот на одредување на приоритети: Kратење на јавните расходи или стимулирање на економијата ".

Конференцијата е во организација на Националното собрание на Република Србија, Институтот за економски науки од Белград, Република Србија и Фондацијата „Фридрих Еберт“.

На Конференцијата ќе земат учество високи претставници од владите и парламентите на земјите од Западен Балкан, претставници од ЦЕФТА и меѓународни финансиски и други институции.

 

 

Click