Соопштенија



Четврток, 23 февруари 2012 година

Учество на Парламентарен семинар во Сараево

Во организација на Европскиот парламент и Советот за регионална соработка, на 23 и 24 февруари 2012 година, во Сараево, Федерација на Босна и Херцеговина, се одржува Парламентарен семинар на тема: „Предизвиците во областа на заштитата на животната средина и идните активности“.

На семинарот, од Собранието на Република Македонија, ќе учествуваат пратениците: г. Реџаиљ Исмаили, претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Ане Лашкоска, г. Рејхан Дурмиши и г. Борче Ставров, членови на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Семинарот, на кој се поканети пратеници од парламентите на Западен Балкан и на Европскиот парламент, е посветен на прашањата од областа на заштитата на животната средина од повеќе аспекти: контакти на парламентарците со НВО и интересните групи во областа на екологијата, подигнувањето на јавната свест за заштитата на животната средина, улогата на парламентарните комисии во апроксимацијата и имплементацијата на европското законодавство од оваа област, стратегијата на Европската унија за Дунавскиот регион, мапата на Европската унија во стратегијата за намалување на јаглеродниот диоксид во стопанството до 2050 година и зелената трансформација на Европската унија.

Исто така, парламентарците ќе имаат изворна можност, заедно со истакнати европарламентарци, со претставници на Европската комисија, експерти и претставници на Регионалниот совет за соработка, да дискутираат и за активностите на ЕБРД во еколошките проекти во регионот, како и за актуелната состојба на полето на транспозицијата и имплементацијата на европскиот корпус на директиви во законодавствата на земјите од Западен Балкан. 

Click