Соопштенија



Петок, 9 март 2012 година

Учество на пратеникот Антонио Милошоски на Kонференција во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, од 11 до 12 март 2012 година, ќе учествува на Конференција на претседатели на комисиите за надворешни работи на државите-членки на Европската унија - КОФАК, што ќе се одржи во Копенхаген, Данска.

На Конференцијата, на која ќе стане збор за актуелните прашања со кои се соочуваат Европската унија и НАТО, свое обраќање ќе имаат високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, г-ѓа Кетрин Ештон, генералниот секретар на НАТО, г. Андерс Фог Расмунсен, министерот за надворешни работи на Данска, г. Вили Совндал, како и претседателот на Комисијата за надворешна политика на Данскиот парламент, г. Јепе Кофод.

Click