Соопштенија



Четврток, 23 февруари 2012 година

Учество на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Од 23 до 24 февруари 2012 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на кое ќе учествуваат пратениците: г. Сафет Бишевац и г. Владимир Ѓорчев, членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ, ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори.

Исто така, ќе биде дискутирано за Иднината на контролата на конвенционалното оружје во областа на ОБСЕ и за претстојната годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 5 до 9 јули 2012 година во Монако и која ќе се фокусира на темата: ОБСЕ: Регион на промени.

На учесниците на оваа сесија, со поздравни говори, ќе им се обрати г. Петрос Ефтимиу, претседател на ПС на ОБСЕ, г-ѓа Барбара Прамер, претседател на Aвстрискиот парламент, амбасадорот Ламберто Заниери, генерален секретар на ОБСЕ.

 

Click