Активности

Среда, 23 јануари 2013 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 23. Седница, одржана денеска, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот со Комисијата, г. Малиша Станковиќ, ги извести пратениците дека по овој Предлог-закон, согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.
Click