Активности



Вторник, 29 јануари 2013 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 24. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното;
  2. Предлог-законот за земјоделски задруги;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сточарство.

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, Комисијата ги разгледа и усвои четирите амандмани поднесени од овластените предлагачи.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот со Комисијата, г. Малиша Станковиќ, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесено амандмани по Предлог-законот за земјоделски задруги и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сточарство.

По расправата, Комисијата заклучи Предлог-законот за земјоделски задруги и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сточарство да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.


Click