Активности



Вторник, 29 јануари 2013 година

Триесет и трета седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на денешната Триесет и трета седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување на Законот за инвалидски организации;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа;
  3. Предлог-законот за заштита на децата.

- Претседавачот на Комисијата за труд и социјална политика, г. Миле Пачемски, констатираше дека, во законски предвидениот рок, по Предлог-законoт за изменување на Законот за инвалидски организации, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

По предложениот закон не се водеше расправа, а Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието.

 - По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа беа поднесени вкупно три амандмани од пратениците Газменд Алији и Беким Фазлиу, кои со по 1 глас „за“ и 7 „против“ не беа усвоени.

Во амандманската расправа учествуваа: пратеникот Газменд Алији и министерот за труд и социјална политика, г. Спиро Ристовски.

По завршувањето на амандманската расправа, Комисијата го  проследи овој Предлог на закон на натамошна постапка во Собранието.

- Во однос на Предлогот на закон за заштита на децата, претсeдавачот Пачемски констатираше дека во законски предвидениот рок се поднесени вкупно четири амандмани од пратениците Сузана Анова и Веле Ѓорѓиевски.

Сите четири амандмани беа повлечени од овластените предлагачи. Комисијата го проследи Предлогот на закон за заштита на децата на натамошна постапка во Собранието.

 

Click