Активности



Вторник, 12 ноември 2013 година

Триесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и осмата седница, одржана вчера, како матично работно тело разгледа 17 Предлог-закони:

  1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност (второ читање);
  2. Предлог-закон за изменување на Законот за заштита на потрошувачите (второ читање);
  3. Предлог-закон за изменување на Законот за угостителска дејност (второ читање);
  4. Предлог-закон за изменување на Законот за градежните производи (второ читање);
  5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите (второ читање);
  6. Предлог-закон за изменување на Законот за трговија (второ читање);
  7. Предлог-закон за изменување на Законот за вршење на занаетчиска дејност (второ читање);
  8. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за возила (второ читање);
  9. Предлог-закон за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали (второ читање);
  10. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за метрологијата (второ читање);
  11. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција (второ читање);
  12. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за стечај (второ читање);
  13. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот пазарен инспекторат (второ читање);
  14. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика (второ читање);
  15. Предлог-закон за изменување на Законот за трговските друштва (прво читање).
  16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност (прво читање);
  17. Предлог на закон за дополнување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија (прво читање).

- По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, Предлогот на закон за изменување на Законот за заштита на потрошувачите, Предлогот на закон за изменување на Законот за угостителска дејност, Предлогот на закон за изменување на Законот за градежните производи, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите, Предлогот на закон за изменување на Законот за трговија, Предлогот на закон за изменување на Законот за вршење на занаетчиска дејност, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, Предлогот на закон за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологијата, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот пазарен инспекторат, претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за економски прашања му предложи на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност.

- Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, во рокот утвреден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи. Врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за економски прашања на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај поднесе  еден Амандман заради допрецизирање на одредбите за содржината на испитот, бројот и составот на Комисијата за полагање на испитот како и трошоците за задолжителната обука и полагањето на испитот.

Образложение даде членот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Нада Станчевска. Во претресот учествуваа г-ѓа Владанка Авировиќ и заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев.

Комисијата за економски прашања едногласно го усвои поднесениот амандман и го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Комисијата претресе два амандмана поднесени од пратеникот Николче Ацевски (кои со по два гласа „за“ и шест „против'' не беа усвоени) и два амандмана поднесени од пратениците Јулиета Марку, Реџаиљ Исмаили и Владанка Авировиќ (кои едногласно, односно со мнозинство гласови, беа усвоени).

Комисијата го проследи овој Предлог на закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

- Потребата од донесување на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, ја образложи заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев. Целта на предложената измена е потребата од доуредуање и допрецизирање на значењето на тоа што се подразбира под заем што се трансформира во траен влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото. Се дава можност на трансформирање на заемот во влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина, исклучиво кога заемот е даден  од содружникот односно единствениот акционер  на  друштвото кое е во целосна негова  сопственост, со што се овозможува, на домашните и странски  правни и физички лица  односно на содружникот и единствениот акционер во тие друштва да може да го трансформира  заемот  во друштвото кое е во нивна целосна сопственост .

Во претресот учествуваше претседателот на Комисијата за економски прашања Владанка Авировиќ.

Врз основа на членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за економски прашања едногласно заклучи дека Предлогот на закон за изменување на Законот за трговските друштва во прво читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, заменик-министерот за економија истакна дека досега во Законот за угостителска дејност како туристички објекти не беа вклучени ловните капацитети како и планинарските домови. Со предложените измени и дополнувања истите ќе бидат вклучени. Втората измена е допрецизирање на постапката за добивање на ознаката за национален ресторан.

Врз основа на членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата едногласно заклучи дека овој Предлог-закон во прво читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

- Заменик-министерот Делев во образложението на Предлогот на закон за дополнување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, истакна дека целта е дополнување на законската процедура во процесот на доделување на субвенции за туризмот, подобрување на условите за развој на туризмот во Република Македонија, како и воведување на регистар за водење на евиденција за доделени субвенции во областа на туризмот.

Врз основа на членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за економски прашања едногласно заклучи дека овој Предлог-закон во прво читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click