Активности



Четврток, 7 ноември 2013 година

Четириесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 40. седница, одржана на 1 ноември 2013 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Извештајот на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година, во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството.

На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство шумарство и водостопанство; г. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство; г. Перица Ивановски и г-ѓа Маргарита Делева, претставници од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство даде образложение на Извештајот, за кој укажа дека дава позитивни оценки, како во делот на земјоделството и руралниот развој, така и во делот на безбедноста на храната. Во последните години бележи прогрес во повеќето сегменти. Тој истакна дека со овој Извештај  е опфатен периодот од 2012 година и дека дополнително ќе даде објаснување за одредени работи кој се направени во тековната 2013 година, а не се опфатени во Извештајот.

Во дискусијата по Извештајот учествуваа пратениците: г. Малиша Станковиќ, г. Панче Орцев, г. Панче Дамески, г. Борче Ставров и г. Реџаиљ Исмаили.

На крајот, Комисијата едногласно му предложи на Собранието на Република Македонија да го разгледа Извештајот со изнесените предлози, сугестии и мислења.


 

Click