Активности



Четврток, 7 ноември 2013 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 41. Седница, одржана вчера, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храна;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше, г. Зоран Коњановски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата од донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во дискусијата по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството учествуваа пратениците: г. Саве Марачков и г-ѓа Светлана Мазгалоска-Вучетиќ.

На крајот од расправата, Комисијата едногласно оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.


Click