Активности



Вторник, 12 ноември 2013 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 42. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државниот инспекторат за земјоделство;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за ловството;
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура;
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи;
  6. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државниот инспекторат за земјоделство, поднесени се вкупно три амандмани од пратеникот Малиша Станковиќ, кои Комисијата ги усвои.

По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција беше поднесен еден амандман од пратениците Малиша Станковиќ и Реџаиљ Исмаили, кој Комисијата со 6 гласа „за“ го усвои. Врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата поднесе еден амандман од причина што е направена техничка грешка - во членот 8 бројот „2013" се заменува со бројот „2014". Комисијата едногласно го усвои предложениот амандман.

 Во однос на преостанатите Предлог-закони не беа поднесени амандмани.

По расправата, Комисијата ги проследи сите шест Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click