Активности



Петок, 20 декември 2013 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанствo

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 45. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија за доставување на амандмани, до почетокот на седницата не се доставени амандмани по Предлог-законот.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваше пратеникот Борче Ставров.

По расправата, Комисијата го проследи  Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.


 

Click