Активности



Понеделник, 4 ноември 2013 година

Осумдесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 82. седница, одржана на 29 октомври 2013 година, како заинтересирано работно тело, го разгледа Извештајот на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година.  

Комисијата во расправата по Извештајот главно се осврна во делот на поглавјата кои се во нејзина надлежност: Слободно движење на капиталот; Јавни набавки; Финансиски услуги; Оданочување; Економска и монетарна политика; Царинска унија; Финaнсиска контрола и Финансиски и буџетски одредби.  

Во расправата учествуваа пратениците: г. Марјанчо Николов, г. Самка Ибраимоски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Недим Рамизи, г. Стојко Пауновски и г. Драган Цуклев.

На крајот од расправата, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа Извештајот на Европската Kомисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година.

Click