Активности



Среда, 6 февруари 2013 година
 
Неформална средба на г-ѓа Сузана Салиу со г-ѓа Јозефина Топали
 

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, денеска имаше средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, г-ѓа  Јозефина Топали.

За време на неформалниот ручек, соговорничките, уште еднаш ја отворија како тема добрата парламентарна соработка што ја имаат Република Македонија и Република Албанија.

Тие разговараа за исклучително важната улога на парламентите во правец на евроинтеграциите, како и за важноста на одржувањето на фер и демократски избори, за севкупниот демократски дух на овие две држави, кога се знае дека и двете се во почетокот на изборниот процес, на локалните избори, кои ќе се одржат во Република Македонија во месец март, како и на парламентарните избори во Република Албанија, кои се предвидени за во месец јуни.

Госпоѓа Салиу и г-ѓа Топали разговараа и за многу други прашања во врска со улогата, одговорностите и предизвиците кои ги чекаат пратениците на овие две собранија.

Click