Активности

Вторник, 5 февруари 2013 година

Политичкото јакнење на жените се должи на енергијата што ги мотивира
 
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, денеска одржа средба со жени политичарки од арапскиот свет. Средбата беше во организација на Арапскиот институт за жени лидери и Македонското женско лоби, а поддржана од Меѓународниот републикански институт.

Вовед на средбата даде претседателката на комисијата, Лилјана Поповска која го пренесе искуството за политичкото јакнење на жените преку искуството од Македонското женско лоби.

На средбата присуствуваше и Џон Кевано (поранешен директор на ИРИ) кој истакна дека успехот за политичкото јакнење на жените се должи на посебната енергија што ги мотивирала, по што Македонија станала пример за другите земји.

 
Click