Активности

Среда, 30 јануари 2013 година

Резултати од редовната телефонска анкета за перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието на Република Македонија (спроведена - 17 и 18 јануари 2013 година)

Редовната телефонска анкета за перцепцијата на јавноста за работата на Собранието на Република Македонија беше спроведена на 17 и 18 јануари 2013 година. Анкетата се спроведува во рамките на Меморандумот за соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Вестминстерската фондација за демократија од Велика Британија. Анкетата е спроведена од Институтот за демократија „Социетас цивилис" Скопје. Со анкетата се опфатени 1.123 испитаници на територијата на целата Република Македонија по пат на телефонска анкета на 17 и 18 јануари 2013 година. Испитувањето е направено на прашалник од стандардните 16 прашања плус демографските прашања.

Со оглед дека на крајот на 2012 година, поточно на 24 декември 2012 година и деновите кои претходеа се случија настани кои значително можат да влијаат врз перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието, анкетата беше дополнета уште со две прашања непосредно поврзани со перцепцијата на настаните од 24 декември 2012 година.
Првото прашање генерално ја испитува перцепцијата на граѓаните за тоа дали треба да се почитува редот во Собранието на Република Македонија без оглед колку се заострени политичките разлики меѓу пратениците.
Додека, пак, второто прашање конкретно ја оценува перцепцијата на граѓаните кога има ситуација на непочитување на редот, односно дали доколку не се почитува редот во пленарната сала на Собранието, претседателот на Собранието треба да ги отстрани од пленарната сала пратениците кои го попречуваат работењето.

Во однос на полот, од 1123 испитаници, 521(46,4%) се од машки пол, додека 602 (53,6%) биле од женски пол.
Според етничката припадност, опфатени се 723 (64,4%) испитаници од македонска етничката припадност, 284 (25,3%) од албанската етничката припадност, турска етничката припадност 44 (3,9%), ромска етничката припадност 30 (2,7%), како влашка, српска, бошњачка и друга етничката припадност.
Во однос на возраста, од вкупно 1123 испитаници, опфатени се од 18 до 60+ годишна возраст, од кои 398 (35,5%) се од 60+ годишна возраст, 226 (20,2%) се 50-59 годишна возраст,176 (15,7%) се 18-29 годишна возраст.
Според образованието, опфатени се 5 испитаници без образование, 64 со незавршено основно, основно 228 (20,3%), средно 544 (48,5%), вишо 54 (4,8), високо 220 (19,6%), постдипломски 7 (,6%).
Според местото на живеење на испитаниците, од село се опфатени 352 (31,3%), помал град 236 (21,0%), поголем град 280 (24,9%) и Скопје 255 (22,7%).
Во однос на занимање, опфатени се 204 (18,2%) невработени, пензионери 295 (26,3 %), професионални работници 72(6,4%), земјоделски/ риболовни/шумарски работници 41 (3,7%), и друго 83 (7,4 %).
Додека, во однос на изборните единици, опфатени се сите шест ИЕ, притоа од ИЕ1 175 (15,6%), ИЕ2 219 (19,5%), ИЕ3 167 (14,9%), ИЕ4 179 (15,9%),ИЕ5 183 (16,3%) и ИЕ6 201 (17.9%).

Click