Активности

Вторник, 23 јули 2013 година

Заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска, одржаа заедничка седница на која беше презентирана програмата и приоритетите за работа на Литванското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули - декември 2013 година, од страна на амбасадорот на Република Литванија задолжен за Република Македонија со седиште во Будимпешта, Н.Е. г. Ренатас Јушка.

На седницата беа поканети и членовите на Комисијата за надворешна политика, членовите на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, како и претставници на амбасадите на земјите-членки на Европската унија во Република Македонија.

На седницата, покрај претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, присуствуваа и претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини како и Н.Е. г. Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Госпоѓа Шекеринска во своето воведно обраќање го поздрави присуството на амбасадорот Јушка и господинот Орав, како и неодамнешното влегување на Храватска во ЕУ, при што посочи дека Република Македонија високо ја цени определбата на ЕУ за континуираната политика на проширување.

Амбасадорот Јушка во своето излагање ги запозна присутните со моменталната состојба во Литванија како на политичко, така и на економско поле: неодамнешно одржаните избори и новиот парламентарен состав и литванската економија како втора најбрзо растечка економија меѓу земјите-членки во ЕУ во последните две години.

Во фокус на шестмесечното претседавање на Литванија со Советот на ЕУ ќе бидат трите приоритети: кредибилна, растечка и отворена Европа - истакна амбасадорот Јушка.

Во рамките на отворена Европа, Литванското претседателство ќе преземе чекори за зајакнување на ЕУ како глобален модел на отвореност и безбедност, ќе се фокусира на поблиска интеграција на ЕУ и нејзините источни партнери, а воедно и ќе го следи процесот на проширување на ЕУ.

На седницата свои излагања имаа и пратениците: г. Антонио Милошоски, г. Кенан Хасипи, г. Јани Макрадули и г. Хајрула Мисини.

дневен редзаписникстенографски белешки

Click