Соопштенија

Вторник, 23 јули 2013 година
 
Јавна расправа на тема: „Предлог на закон за медиуми“

Комисијата за транспорт, врски и екологија, врз основа на членот 120, а во врска со членот 122 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија  („Службен весник на Република Македонија“ број 91/2008, 119/2010 и 23/2013), ќе одржи јавна расправа на тема: „Предлог на закон за медиуми“.

Јавната расправа ќе се одржи на 30 јули (вторник) 2013 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија.

Целта на јавната расправа е поканетите овластени претставници на Владата на Република Македонија, експертите од таа област, претставниците од медиумите и претставниците од невладините организации, да ги искажат своите коментари и можни предлози до Комисијата за транспорт, врски и екологија, а во врска со темата на јавната расправа.

На јавната расправа ќе бидат поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, сите пратеници, членовите и нивните заменици на Комисијата за транспорт, врски и екологија, медиумите, невладини организации и други учесници и гости.

За дополнителни информации, контактирајте го лицето Далибор Алешковиќ - помлад соработник и тоа на фиксен телефон: +389 2 3182-381; мобилен телефон: +389 71 226-147; е-пошта, k-transport@sobranie.mk.

 
Click