Соопштенија

Вторник, 23 јули 2013 година
 
Надзорна расправа на тема „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“

Првото продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања, посветена на Надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“, ќе се одржи на 26 јули 2013 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија.

 Целта на надзорната расправа е да се утврди ефикасноста на досегашното искористувањето на средствата од претпристапните фондови во Република  Македонија (ИПА), нивното влијание, како и да се проценат апсорпционите капацитети на Република Македонија, во пресрет на почетокот на новата рамка за користењето на овој инструмент во периодот од 2014-2020 година.

На надзорната расправа ќе бидат поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, членовите и нивните заменици на Комисијата за европски прашања, членовите на Националниот совет за евроинтеграции и други учесници и гости.

Исказите на сведоците ќе бидат ограничени на 5 минути,  членовите на Комисијата за европски прашања ќе поставуваат прашања  во траење од 10  минути, и заедно со одговорите на сведоците ќе бидат ограничени на вкупно 15 минути.

Доколку сведокот во моментот не располага со информациите што се потребни за да одговори на прашањето, комисијата може да побара да бидат поднесени во писмена форма.

За дополнителни информации, контактирајте ги лицата  Лилјана Петреска (+389 071 330-747)  и Ристо Илиевски (+389 071 205-938), вработени  во  Комисијата за европски прашања и на фиксен телефон: +389 2 3182-338 или на е-маил адреса  kep@sobranie.mk.

 

 

 

 

 

 

 
Click