Соопштенија



Четврток, 10 октомври 2013 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија на 11.10.2013 година (петок), ќе положат свежо цвеќе.

- Делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, во чиј состав се и пратениците: г. Владимир Ѓорчев и г-ѓа Соња Мираковска, во 10.00 часот, на гробиштата Бутел, ќе положи свежо цвеќе на:

  • партизанските гробишта;
  • гробот на претседателот Борис Трајковски;
  • гробот на генерал Михајло Апостолски и
  • гробот на претседателот Киро Глигоров;

- Делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа  Светлана Јакимовска, во чиј состав се и пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Ана Павловска- Данева, г-ѓа Дешира Имери и г. Ивон Величковски, ќе положи свежо цвеќе на:

  • споменикот на Методија Андонов-Ченто на Плоштадот Македонија во 11.00 часот;
  • споменикот на паднатите херои за Македонија во паркот „Жена борец“ во 11.30 часот;

- Делегација во чиј состав се пратениците: г-ѓа Ане Лашкоска, г. Горан Сугарески и г. Николче Ацевски, во 10.00 часот, во Прилеп, ќе положи свежо цвеќе на:

  • споменикот на Методија Андонов-Ченто;
  • Могилата на непобедените и Алејата на народни херои;
  • споменикот на Кузман Јосифовски-Питу;

- Делегација во чиј состав се пратениците: г. Јордан Пачков, г. Игор Ивановски и г. Горан Мисовски во 11.00 часот, ќе положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Click