Соопштенија

Петок, 7 јуни 2013 година

Учество на пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев на ПСФ - Регион Европа
 
Денеска, во Берн, Швајцарија, се одржува Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) - Регион Европа, на која учествува пратеникот, г. Ѓорѓи Коџабашиев, претседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

На оваа конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа, учествуваат делегации на 30 секции на земји и региони и ќе се расправа за утврдување на темите коишто ќе бидат разгледани на 26. Регионално собрание на ПСФ, што ќе се одржи од 26 до 28 ноември 2013 година во Кишињев, Молдавија.

Членот на македонската делегација ќе оствари и билатерални средби со неговите колеги од парламентите на европските земји и ќе размени мислења за прашања од заемен интерес. 

 
Click