Соопштенија

Понеделник, 10 јуни 2013 година
 
Учество на меѓународна конференција

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, заедно со пратеничката Светлана Мазгалоска Вучетиќ, во својство на член на комисијата, учествуваат на регионална конференција за членовите на парламентите, која се одржува во Кишинев, Молдавија, денеска и утре, 10 и 11 јуни, на тема „Еднакви и унапредени: Учество на жената во политиката“.

Учеството на средбата е на покана на Парламентот на Република Молдавија во соработка со Комисијата за родова еднаквост на ООН и Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Во фокусот на средбата ќе биде дискусијата и размената на добри искуства за учество на жената во политиката. Госпоѓа Поповска, на оваа конференција ќе ги презентира женските парламентарни структури во Република Македонија, како најдобар пример во регионот.

Примерот на македонските пратенички ќе им послужи на земјите-учеснички во нивното законодавството за прашањата на жените и родовата еднаквост и поврзувањето на жените од различните политички партии.
Click