ЕУ вести

Среда, 5 февруари 2014 година

Извештајот за Македонија пред Европарламентот

Европскиот парламент вечерва ќе расправа, а утре ќе гласа по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2013 година, изготвен од известителот за нашата земја, британскиот европратеник, г. Ричард Ховит.

повеќе...

Среда, 5 февруари 2014 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент оваа седмица одржува пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, се дебатира за поефикасна и побезбедна Банкарска унија и построги казни за манипулации на финансискиот пазар

повеќе...

Вторник, 28 јануари 2014 година

Самит ЕУ-Русија

Денеска во Брисел ќе се одржи 32. самит на Европската унија и Русија, што ќе биде можност за размена на мислења меѓу лидерите во врска со стратешкото партнерство ЕУ-Русија.

ЕУ ќе ја претставуваат претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј, а учество ќе земе и г-ѓа Кетрин Ештон, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и воедно потпретседател на Европската комисија.

Руската страна, пак, ќе ја застапува претседателот на државата, г. Владимир Путин, придружуван од министерот за надворешни работи, г. Сергеј Лавров.

Најавен е прогресивен дијалог за иднината на економските и политичките односи на Стариот континент. Ќе се отвори дискусија за заедничките интереси, регионалните иницијативи за економска интеграција, добрососедството, трговските прашања, меѓународните обврски, владеењето на правото, човековите права и основните слободи, како и клучните надворешни работи предизвици, како што се Сирија и Иран.

повеќе...

Среда, 22 јануари 2014 година

Изгласана Предлог-резолуцијата за Македонија

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 48 гласа „за“, 4 „против“ и 6 „воздржани“, вчера ја изгласа Предлог-резолуцијата за Република Македонија, изготвена од известувачот Ричард Ховит, во однос на последниот Прогрес-извештај на Европската комисија.

повеќе...

Понеделник, 13 јануари 2014 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 13 до 16 јануари, Европскиот парламент, во Стразбур, одржува пленарна седница, во рамките на која ќе биде заклучено Литванското претседателство со Советот, а ќе се отвори програмата на грчкото претседавање во првите шест месеци од годинава.

Членовите на Европарламентот ќе расправаат и за прогресот на Србија, Косово и Исланд, состојбата во Јужен Судан, трговските договори со Мексико и Чиле, како и за правото на слобода на движење во рамките на ЕУ, во однос на рестрикциите за романските и бугарските работници.

На дневен ред ќе се најдат и кризата со храна, социјалната заштита, флексибилноста на јавните набавки, потоа ограничувањето на емисиите на CO2 за новите лесни комерцијални возила, стратегија за намалување на пластичниот отпад и др.



повеќе...

Четврток, 9 јануари 2014 година

Летонија го воведе еврото

Од 1 јануари, Летонија стана 18. членка на Еврозоната, откако ја прифати европската валута - евро. Досегашната валута на Летонија – лат, ќе биде во оптек првите две седмици од стартот на новата година, а по овој период на транзиција, еврото ќе стане законско платежно средство во оваа балтичка земја.

Покрај Летонија, еврото е официјална валута на уште 17 земји-членки на Европската унија: Австрија, Белгија, Германија, Грција, Естонија, Ирска, Италија, Кипар, Луксембург, Малта, Португалија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Холандија и Шпанија. Исто така, еврото е валута и во Андора, Косово и Црна Гора, кои извршиле еднострана евризација. Еврото се користи како официјална валута и во Монако, Сан Марино и Ватикан, и покрај тоа што овие држави не се членки на ЕУ.

Еврото постои на финансискиот пазар од 1999 година, а како валута од 2002 и со него управува Европскиот систем на централни банки.

Еврото има еднаква форма во сите држави и не се одликува со различни национални симболи. На предната страна на банкнотите има слика на врата или прозорец, кои го симболизираат духот на заедништвото и отвореноста на Европа кон светот. На обратната страна е насликан мост - симбол на врските помеѓу народот во Унијата, како и останатиот свет. Заедно со тоа се испишани името на еврото и на Европската банка на сите јазици на државите од Еврозоната.

Специјалниот знак за европската валута - €, е дело на Белгиецот Алаин Билиет.

повеќе...

Четврток, 2 јануари 2014 година

Грција – претседавач со ЕУ

Од стартот на новата 2014 година, Грција по петти пат го презеде Претседателството со Европската унија. За време на шестмесечното претседавање на Грција, ќе се одржат и избори на Европскиот парламент

повеќе...

Архива

повеќе...

  • 1
  • ...
  • 7
  • 8
  • 9
  •           
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.