Три филма во конкуренција за филмската награда на Европарла...

Вторник, 22 јули 2014 година

Три филма во конкуренција за филмската награда на Европарламентот

„Kласен непријател“ на Рок Бичек од Словенија, „Моминство“ на Селин Шиама од Франција и полско-данската копродукција „Ида“ од Павел Павликовски, ќе се натпреваруваат за годишнатa филмска награда „Лукс“ на Европскиот парламент. 

Прочитај повеќе

Жан-Клод Јункер нов претседател на Европската комисија...

Вторник, 15 јули 2014 година

Жан-Клод Јункер нов претседател на Европската комисија

Европскиот парламент го прогласи г. Жан-Клод Јункер за нов претседател на Европската комисија, откако на тајно гласање на седницата во Стразбур, доби поддршка од 422 од вкупно 751 европратеник. Петгодишниот мандат на оваа функција, тој официјално ќе го започне на 1 ноември годинава.

Прочитај повеќе

Мартин Шулц реизбран за претседател на Европарламентот...

Вторник, 1 јули 2014 година

Мартин Шулц реизбран за претседател на Европарламентот 

Прв пат во историјата на Европскиот парламент, претседател е реизбран за втор мандат. Со 409 гласови „за“, г. Мартин Шулц ја доби довербата и во наредните 2,5 години да остане прв човек на европскиот законодавен дом.

Прочитај повеќе

Италија – нов претседавач со ЕУ...

Вторник, 1 јули 2014 година

Италија – нов претседавач со ЕУ

Денеска Италија го презема од Грција ротационото претседателство со Европската унија. Како што се најавите, во фокусот на Италијанците ќе бидат економскиот раст и вработувањето, но и проширувањето на ЕУ.

Прочитај повеќе

Албанија со кандидатски статус за ЕУ...

Среда, 25 јуни 2014 година

Албанија со кандидатски статус за ЕУ

Советот за општи работи на Европската унија, на вчерашниот состанок одлучи на Албанија да ѝ се додели кандидатски статус за членство во ЕУ. За започнување на официјални преговори за членство, нашиот западен сосед треба да добие препорака и од Европската комисија во рамките на прогрес-извештајот во октомври, а потоа и „зелено светло“ од Европскиот совет на Самитот во декември.
Прочитај повеќе

Љубљана – зелен град на Европа...

Среда, 25 јуни 2014 година

Љубљана – зелен град на Европа

Европската награда за зелен град на Европа за 2016 година ја доби главниот град на Словенија – Љубљана, победувајќи ја конкуренцијата градови - Есен, Нијмеген, Осло и Умеа.
Прочитај повеќе

Литванија подготвена за Еврозоната...

Четврток, 5 јуни 2014 година

Литванија подготвена за Еврозоната

Европската комисија оцени дека Литванија е единствената земја која ги исполнила критериумите за влез во Еврозоната. Еврокомисијата му предложи на Советот на министри на ЕУ во јули да даде конечна одлука оваа балтичка земја од 1 јануари 2015 година да може да го воведе еврото како основна валута и единствено законско средство на плаќање.  

Прочитај повеќе

Започнуваат европските избори...

Четврток, 22 мај 2014 година

Започнуваат европските избори

Од денеска до 25 мај, граѓаните на Европската унија гласаат за свои претставници во Европскиот парламент. Повеќе од 400 милиони Европејци со право на глас од сите 28 земји-членки на ЕУ, ќе го одлучат осмиот состав во европскиот законодавен дом, кој ќе брои 751 пратеник.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 11.3.14...

Вторник, 11 март 2014 година

Пленарна седница на Европарламентот

Оваа седмица, Европскиот парламент во Стразбур одржува пленарна седница, на која во фокусот се случувањата во Крим, Украина и пакетот помош од ЕУ за оваа земја во вредност од 11 милијарди евра

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 26.2.14...

Среда, 26 февруари 2014 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент во Стразбур неделава одржува пленарна седница, во чии рамки денеска ќе се дебатира за политичката ситуација во Украина, а утре ќе се гласа по Резолуцијата. Во саботата официјална делегација од дванаесет европратеници отпатува во Киев да се сретне со колеги во Украинскиот парламент и да дискутираат за иднината помош.

Прочитај повеќе
1...789          
Click