Соопштенија

Вторник, 2 февруари 2016 година

Делегација на Собранието на Република Македонија на Молитвен појадок во Вашингтон

Собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на покана на американски конгресмени престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64. Молитвен појадок, традиционален, национален американски собир. 

Во состав на Делагацијата се потпретседателот на Собранието, г-ѓа Рената Дескоска и пратениците: г. Павле Саздов и г-ѓа Нора Алити.

Секоја година претседателот на Соединетите Американски Држави и членовите на Конгресот, заедно со други високи функционери, како и дипломати и пријатели од повеќе од 140 земји од светот, се собираат на заеднички појадок да се заблагодарат за заемното пријателство и благосостојба.

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во текот на својот престој во Вашингтон ќе учествува на неколку настани поврзани со Појадокот, а ќе оствари и средби со повеќе конгресмени, сенатори, како и со претставници на меѓународни организации и фондации. 

Click