Соопштенија

Петок, 21 октомври 2016 година

Доделување на државната награда „23 Октомври“

На 23 октомври 2016 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Државната награда „23 Октомври“, за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на: проф.д-р Драган Даутовски, музички уметник, Иван Петрушевски, актер и Реџаи Исени, ликовен уметник.

Државната награда „23 Октомври“, за остварување во областа на науката и образованието им се доделува на: проф.д-р Стефан Влахов, историчар и филозоф и проф.д-р Агим Пољоска, албанолог.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.